Го повредил и веднаш избегал! Во Прилеп, автомобил удри во велосипедист – а возачот со возилото го напуштил местото
На 07.06.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 18.00 часот на крстосицата од ул.„Александар Македонски“ и ул.„Борка Талевски“ во Прилеп, патничко возило удрило во велосипед управуван од Е.П.(42) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата, велосипедистот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп – информира МВР.
