Гест за почит! Кире Михаилов веднаш после успешната “Црешијада”, ги посети дечињата од Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид, како и децата од ДСУРЦ „Партенија Зографски” – Скопје
Како што информиравме пред некој ден, во неделата во убавата Вељуса, за првпат се одржа манифестацијата „Црешијада“, настан кој ја слави традицијата, вкусот и препознатливиот квалитет на вељушките цреши. Посетителите меѓу кои беа и членови на Советот на општина Струмица, уживаа во богатата културна програма и разновидните специјалитети од ,,вељушките цреши” подготвени од локалните производители. Реки од народ имаше на првата “Црешијада” во убавата Вељуса, а Кире Михаилов уште еднаш си достои на зборот – го обедини Македонскиот народ и Македонската традиција во едно! Имено, Михаилов не ги заборави и неговите верни другари од Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид, како и децата од ДСУРЦ „Партенија Зографски” – Скопје, при што денеска ги посети со слатки тостерки и крофнички кои беа зачинети со преубавите вељушки цреши, а воедно токму пред нив вети дека наредната Црешијада, овие ангелчиња ќе му бидат драги гости во неговата Вељуса.
“Првата ЦРЕШИЈАДА заврши како настан за паметење и од тоа сум премногу исполнет и среќен, но, уште повеќе сум среќен денеска затоа што моите прекрасни другарчиња од ДСУРЦ „Партенија Зографски” – Скопје и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје ми ги АРЕСАА црешите. Денеска, на овие прекрасни ангелчиња им донесов слатки тостерки и крофнички зачинети со преубавите вељушки цреши.
