Германските експерти веќе се дел од тимот за утврдување на причините за појава на пожарот во Тетово?

Сподели го ова:




Според Теута Арифи-градоначалничката на Тетово,германските експерти веќе се дел од тимот кој што ќе треба да ја изврши истрагата за пожарот кој што ја уништи модуларната тетовска ковид болница, каде што животот згасна за 14 човечки животи. Имено Арифи, даде и информација за тоа до каде е монентално истрагата за пожарот: „МОИТЕ ИНФОРМАЦИИ СЕ ДЕКА ИСТРАГИТЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО СЕ ЗАВРШЕНИ, ВО МОМЕНТОТ СЕ СОБИРА ДОКУМЕНТАЦИЈА И СЕ СОБИРААТ СИТЕ ИЗЈАВИ ОД ОЧЕВИДЦИ И СВЕДОЦИ, ЗА ТОА ДА СЕ КОМПЛЕТИРА. ИСТО ТАКА, ДЕЛ ОД ТИМОТ Е ВЕЌЕ И ГЕРМАНСКИОТ ТИМ КОЈ РАБОТИ И КОЈ Е СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВАКВИ НАСТАНИ“, – нагласи градоначалничката на Тетово.За разлика од изјавата на Арифи, од обвинитеството и Владата велат дека тие не се пристигнати во земјава, а исто така изјавуваат дека и немаат информации кога германскиот тим ќе пристигне во нашата земја.






Сподели го ова:

Слични објави