(фото на денот) ДВА БОЖЈИ ГУЛАБИ: Дедо Никола и белиот гулаб кој кротко се топли во рацете на Владиката
Денеска на Богојавление – Водици, во прилепскиот црковен храм “Свето Благовештение”, Неговото Преосвештенство, епископот Велички г. Никола отслужи Света Василиева Литургија и началствуваше со Богојавленскиот водосвет.
Токму од овој денешен настан, доаѓа и оваа фотографија на која е Дедо Никола и белиот гулаб кој кротко се топли во искрените раце на овој прекрасен Владика, во прилепска “Стара Црква”. Впрочем, на фотографијата се два Божји гулаби – белиот гулаб и Дедо Никола кој има срце кое е големо и широко колку една планина, па дури и повеќе од тоа!
Пишува: Гоце Балада
