ФДА и СЗО: Засега не е оправдана трета доза вакцина против Ковид 19

Сподели го ова:




Можноста за дополнителна трета доза на вакцина против Ковид 19 за целата популација претставува предмет на жестока дебата насекаде во светот.Во Лансет беше објавена статија од експерти според кои дури и ако нивото на антитела започне да се намалува кај вакцинираните луѓе со текот на времето, тоа не значи дека против тешките форми на болеста вакцините ќе бидат помалку ефикасни. Воедно од нивна страна се нагласува уште еден т.н. имунолошки одговор, а тоа е клеточен имунитет кој што е многу  потешко да се измери.Овие експерти препорачуваат и развој на дополнителни вакцини кои што ќе бидат специјално дизајнирани за сите оние отпорни варијанти кои што може да бидат појавени во иднина, наместо од постоечките вакцини да се даваат дополнителни дози. Што се однесува пак до администрацијата на дополнителни дози на вакцина против Ковид-19 засега не е оправдана, а оваа оценка беше дадена во понеделникот од страна на американската агенција за лекови ФДА и СЗО. “Актуелните податоци не покажуваат некоја потреба од повторно вакцинирање на целата популација каде што ефикасноста против тешките форми сè уште е висока”-истакнаа група на меѓународни експерти, во која што имаше експерти од ФДА и СЗО.





Сподели го ова:

Слични објави