|

Еве што се случи вчера со прекинот на врската на Facebook

Сподели го ова:




„Фејсбук“, „Ватсап“, „Инстаграм“,„Месинџер“ и многу други услуги кои се во сопственост на Facebook, вчера беа недостапни како резултат на големиот глобален прекин на оваа компанија. Услугите на компанијата вчера неколку часа беа недостапни, а нивните корисници-нервозни. Експертите за безбедност кои што ја следеа вчерашната ситуација велат дека прекинот на Facebook најверојатно е предизвикан од грешка во самата конфигурација, а најверојатно тоа е резултат на внатрешна грешка, а исто така според нив-не се исклучува и можна саботажа од инсајдер. Мала е веројатноста дека станува збор за надворешното хакирање. Facebook уште вчера призна дека неговите корисници имаат проблеми со пристапот до неговите сопствени апликации. Компанијата Facebook веднаш после појавувањето на проблемот на Твитер напиша дека: „Работиме за да ги вратиме работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“.





Сподели го ова:

Слични објави