Елеонора Стојчевска од Прилеп по четврт пат во мај во 2022 ќе настапи на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022

Сподели го ова:




Елеонора Стојчевска од Прилеп по четврт пат во мај во 2022 ќе настапи на “Весели Ѕвончиња by JANA”-2022. Елеонора-Ели, веќе е позната на детската и тинејџерската музичка сцена преку своите големи хитови кои последните три години ги испеа на моментално најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Оваа млада прилепчанка веќе по четвр пат му ја довери довербата на Гоце Илиески Балада да и направи екстра тинејџерска песна која што самата Ели ќе ја изведе на најновото спектакуларно фестивалско издание на Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кој ќе се одржи во мај 2022 година. Ели на најновиот фестивал во 2022 година ќе настапи веднаш после песните од детскиот блок, и самата таа ќе биде во музичкиот блок на фестивалот наменет за тинејџерите до 9-то одделение. Инаку колку за потсетување, Елеонора Стојчевска имаше одличен модерен настап на овој фестивал кој се одржа во неделата на камената бина во Прилеп пред повеќе од 1000 присутни кои уживаа во песните од најновото фестивалско издание.Во неделата во Прилеп за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” Во неделата публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, од неделата Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!! 





Сподели го ова:

Слични објави