Екстремните прилепски спортисти од меѓународната трка “Суторман” се вратија во Прилеп со повеќе освоени места
Екипата на “SkyRyders”-Прилеп, изминатиот викенд беше дел од трката ,,Суторман’’ во Бар-Црна Гора. На оваа трка, екстремните прилепски спортисти освоија едно второ, и две четврти места. Имено, Алек Стојкоски се закити со второто место, а пак додека Александар Спиркоски и Бобан Митрески завршија на четвртото место. Екипата на “SkyRyders” -Прилеп на овој настан беше поддржана од страна на “Пекара Алекс”, “Кошница”, Фитнес Клубот “Шампион”, како и од “Даркин Татоо”. Моментално оваа екипа работи со полна пареа, и е насочена кон нови предизвици и победи. Да се надеваме дека во скоро време, ваков тип на меѓународно натпреварување ќе се оддржи и во нашиот Прилеп.
