ЕКСКЛУЗИВНО:Спектакуларно бегство од прилепскиот затвор

Сподели го ова:


Вчера во прилепскиот затвор избегал 36 годишен затвореник од Гостивар кој што поради извршени тешки кражби бил осуден на 20 години затворска казна. Станува збор за бегство кое што не било забележано ниту од затворската полиција ниту од поставените безбедносни камери во затворот. Врз основа на неофицијалните податоци до кои што дојде информативниот тим на “stanica.mk” во текот на вчерашниот ден затвореникот околу пладне во затворот го посетиле неговата сопруга и неговата мајка. При самата посета затвореникот избегал без никој да го забележи, а во посебните простории за средби со најблиските во затворот, останале неговата мајка и неговата сопруга. Откако е забележано дека затвореникот го нема во затворот веднаш е тргнато по негова потрага. Меѓутоа се поставува прашањето како е можно сето ова без затвореникот да има надворешна и внатрешна поддршка? Инаку неговата мајка и неговата сопруга веднаш се приведени во Полициската станица во Прилеп каде што од страна на службите спроведен бил информативен разговор. Од страна на затворот во Прилеп најавено е дека ќе бидат спроведени дисциплински мерки против дежурните полицајци во затворот кои што биле задолжени да ја реализираат посетата на безбеден-сигурен начин, како и да го вратат затвореникот во неговата келија затворот.





Сподели го ова:

Слични објави