|

Ексклузивно само за “stanica.mk”: Дадов пари за невеста, а невеста не видов

Сподели го ова:




До нашата редакција се обрати еден прилепчанец на кој што му било ветено дека ако даде 700 евра ќе му биде донесена убава девојка од Албанија за негова сопруга. Овој предлог на прилепчанецот му бил даден од таткото на младата девојка со потекло од Албанија. Откако прилепчанецот се согласил на ваквиот предлог, по недела дена заминал кај семејството на девојката, и откако на таткото на “идната невеста” му дал 700 евра – како што биле договорени,  таткото на невеста му ветил дека за 6 дена може да дојде повторно кај нив за да си ја земе девојката за негова сопруга. Овој прилепчанец си заминал среќно дома, при што повторно после 6 дена врз основа на договорот, заминал во Албанија за да си ја земе невестата. Кога затропал на вратата, излегол таткото на “невестата”, и му рекол дека нема што да бара тука кај нив, бидејќи неговата ќерка се предомислила. Кога го слушнал сето ова, прилепчанецот збунет од ваквата ситуација си ги побарал парите назад, а таткото на девојката му рекол веднаш да си оди и нема да добие никакви пари, бидејќи во спротивно-ако не си оди, ќе повика полиција. Прилепчанецот уплашен од ваквиот потег на таткото на невестата, веднаш си заминал назад кон неговиот дом, без да му бидат вратени парите назад. Врз основа на тоа што овој  прилепчанец бил целосно изигран и комплетно засрамен од оваа измама, не сакаше да ни го открие неговиот идентитет, бидејќи како што самиот тој истакна за “stanica.mk” е целосно засрамен од ваквот негов неправилен потег. Меѓутоа како што ни изјави самиот тој, ова го прави се со цел “некој друг да не падни во ваква или пак слична стапица, и на празно да си ги даде неговите пари“, бидејќи како што истакна овој изигран прилепчанец за “700 евра ќе си заминел на убаво летување оваа година – а во ваков случај ниту летен одмор ниту невеста” Забрането објавување на оваа информација од страна на други портали, без дозвола од редакцијата на “stanica.mk”. Во спротивно следи фактурирање на име: “ПЛАГИЈАТ”





Сподели го ова:

Слични објави