|

Ексклузивно: Близу патот до охридските плажи, магаре преплашено стои до карпите-без да трепне, а дел од километарските колони на возила го исмеваат-без никој да застане за да му помогне

Сподели го ова:


Екипата на “stanica.mk” како најактуелен портал во регионот, секогаш е на терен 24/7 за да ние бидеме првите кои освен што ќе Ви ги пласираме најновите информации, ќе Ви пласираме и ексклузивни информации и случувања кои другите не се во можност да Ви ги понудат. Сето тоа се должи на нашите репортери и новинари кои постојано само за Вас се на терен 24/7. Така е и овој пат, меѓутоа нашиот информативен новинарски тим овој пат има да објави една неубава случка. Како резултат на тоа што е викенд се создаваат километарски колони од туристи на патот Градиште-Охрид, со намера викендашките туристи да влезат во Охрид, да го напуштат градот и да се вратат во своите родни места, бидејќи утре почнува нова работна недела. Најмалку два часа беа создадени редици колони кои се движеа бавно на патниот правец од Градиште кон Охрид како резултат на големата гужва. Веднаш после плажата Славија, на патот од десната страна-веднаш до карпите стоеше магаре кое целото преплашено без престан се тресеше од страв, како резултат на колоните возила кои постојано нервозно свиреа. Станува збор за младо магаре кое се изгубило од својот сопственик. Меѓутоа она што не изнервира беше тоа што никој од колоните возила (иако ја гледаше оваа несекојдневна непријатна глетка) не застана да му помогне на магарето, туку напротив-оние кои го забележаа преку свирежи уште толку го преплашуваа и го исмеваа. Тимот на “stanica.mk” се обиде некако да паркира се со цел за да му помогне на преплашеното магаре, меѓутоа долгата колона на возила тоа не го дозволуваше.

ЗАБРАНЕТО ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ОВАА ОБЈАВА ОД СТРАНА НА ДРУГИ ПОРТАЛИ-БЕЗ СОГЛАСНОСТ ОД ИНФОРМАТИВНИОТ ТИМ НА STANICA.MK





Сподели го ова:

Слични објави