Ефикасноста на вакцините против Ковид 19 ја потврдуваат многу анализи??

Сподели го ова:




Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход. Анализите на Министерството за здравство утврдија дека меѓу 79% и 81% од хоспитализираните пациенти со Ковид, се невакцинирани. Истражувањето на Finance Think bit.ly/3lFwpgB потврдува дека во последните три и пол месеци: има 14.500 помалку заразени, 4.595 помалку неделни хоспитализации, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5%, додека пак 2,8 милиони евра има пониски трошоци за хоспитализација во последните 5 недели од делта бранот. Вакцинацијата против Ковид 19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид 19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас.Сето ова претходно, е наведено на официјалната Facebook страна на Венко Филипче. Што мислите Вие??





Сподели го ова:

Слични објави