Две негувателки од прилепските градинки позитивни на Ковид 19, а 30 деца веќе се во изолација

Сподели го ова:























Ковид пандемијата не ги избегна и прилепските градинки, каде врз основа на наши извори кои доаѓаат од раководството на градинките, вкупно две негувателки се позитивни на Ковид 19, па како резултат на тоа веќе 30 деца се ставени во изолација. Во однос на дечината, 21 дете од излолираните, спаѓа во групата од 2 до 3 години, а на возраст од 3 до 6 години има изолирано вкупно 9 деца. Имено, ваквата ситуација настана и покрај тоа што во шестте градинки целосно се почитуваат сите здравствени протоколи, меѓутоа се поставува прашањето дали и пкрај сето ова има место за паника, бидејќи во градинките во Прилеп се згрижени вкупно 630 дечина.



Сподели го ова:

Слични објави