„ДУИ НЕ БИЛЕ НАИВНИ ЗА 27 АПРИЛ И ИМАА КОРИСТ: Изјавата на клучниот сведок не се најде во судскиот процес“ – изјави Талевска
Новинарката и претседателка на МАН, Ивона Талевска во „Само вистина“ на Канал 5, изјави дека ДУИ никогаш не се извини за ништо што направи, не лежат луѓе од ДУИ а имале единствен интерес да се случи настанот, затоа што преговарајќи од Нова година до април тие имале интерес да го дискредитираат ВМРО-ДПМНЕ за да ја направат коалицијата со СДСМ.
– ДУИ не биле наивни во целиот процес околу 27 април, и постојано биле во комуникација за случувањата и поттикнување на истите. Располагам со изјава на клучниот сведок дадена пред обвинител, заверена од записничар пред адвокат која никогаш не беше предмет за настаните од 27 април…
– Во тој исказ, кој не се најде како дел од списите за случајот 27 април има многу детали. Тој документ не се најде во судскиот процес затоа што на главниот сведок му беше понудена помала казна со живот надвор од границите од Македонија – изјави Талевска.
