Дождот ги изгасна големите пожари во Делчевскиот регион

Сподели го ова:




Сите го чекавме овој дожд, не само да не разлади во овие жешки горештини, туку и да помогне во гаснење на пожарите кои се појавија речиси низ цела наша земја. После неполни два месеци горештини, конечно падна дожд, а како резултат на тоа дождот ги изгасна големите опасни пожари во делчевскиот регион. И покрај тоа што сите наши институции и пожарникари беа вклучени во гаснењето на пожарите, сепак сите тие единствена можност за гаснење на пламените јазици гледаа во дождот. Засега, благодарение на дождот нема нови жаришта во шумата во делчевскиот регион.





Сподели го ова:

Слични објави