Досега, вкупно 700.000 граѓани во нашата земја примиле две дози на вакцина против Ковид-19

Сподели го ова:




Досега, вкупно 700.000 граѓани во нашата земја примиле две дози на вакцина против Ковид-19, со што дале придонес и покажале грижа за сопственото, но и колективното здравје.Од вакцинираните граѓани, не е регистриран ниту еден случај со сериозни последици или компликации по имунизацијата. Само со вакцинација можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од Ковид-19, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход-истакнуваат од Министерството за здравство.





Сподели го ова:

Слични објави