И секундата е важна! Донирајте веднаш – Петар мора што побрзо да се оперира во странство

Сподели го ова:





























Мајката на Петар, бара помош за нејзиниот син Петар, кој поради големи болки и деформитет на зглобовите, мора што побрзо да се оперира во странство.

“Почитувани пријатели, ова е мојот син Петар 23 год.јас сум самохрана мајка која се бори со години за својт син кој има ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit .

Од негови три месеци талкаме по болници како кај нас така и во странство. На негови 12 год се откри од која болест боледува мојот син Петар во Хајделберг Германија. Но веќе беше касно да целосно оздраве само со лекот кој го зема за неговата болест.Потребно е да се отстранат последиците и да оди на интензивна физикална и роботска терапија. Се појавија многу последици како Сколиоза која пред една година благодарение на Хуманите луѓе беше опериран. Но денеска се соочуваме со уште еден предизвик уште една последица од неговата ретка болест.

Потребни се две операции на зглобовите поради болка и деформитет кои мора да се направат во Истанбул кај познатиот Проф Чагатај Озтург во Лив Хоспитал.Затоа ве молам доколку знаете што значи борбата и Љубовта на една мајка за своето дете да го застане на нозе,да ми помогнете колку можете.Ви благодарам од срце

 Направете донација (во Македониja и во странство) со картичка, PayPal, ApplePay, GooglePay, Revolut:
https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-petar

 Можете да донирате на платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно” -истакна во својата објава, мајката на Петар, Гордана Попоска.




Сподели го ова:

Слични објави