Донирајте! Прилепчанчето Никодим е во критична состојба, потребни се сретства за итна операција
Жалосно, но сепак вистинито! Прилепчанчето Никодим е во критична состојба, потребни се сретства за итна операција.
“Секој родител живее за насмевката на своето дете… а јас, веќе подолго време, се борам да ја видам насмевката на мојот Никодим повторно. 💔
Мојот син има само четири години, а веќе помина низ болки што ниеден возрасен не би ги издржал. Пред една година ја преживеа својата најтешка битка – операција на тумор на главата и поставување шант. Сите се надевавме дека тоа ќе биде крајот на страдањето, дека конечно ќе започнеме ново поглавје, без болка, со надеж.
Но, животот повторно ни го скрши срцето. Туморот се врати – овој пат двојно поголем и многу поагресивен.
Никодим сега е во критична состојба и му е потребна ИТНА операција, по што ќе следат хемотерапии и радиотерапии. Професорот ни кажа дека времето е клучно и дека секое одложување може да го чини животот на моето дете.
Секој ден за нас е борба со страв, со немоќ, со неизвесност. Секое негово „мамо“ е потсетник зошто морам да бидам силна – дури и кога сè ме боли. 🥺
Знам дека не можеме сами.
Затоа, со скршено срце, но со огромна вера во добрината на луѓето, ви се обраќам:🙏Помогнете му на мојот Никодим.
Секоја донација, секое споделување, секој збор на поддршка е дел од неговата борба за живот.
Да се обединиме и да му ја дадеме шансата која секое дете ја заслужува – да живее, да расте, да се смее, да си игра без болка. 💙
Од дното на моето срце ви благодарам на сите што сте дел од нашата приказна.
Вашата помош за нас не е само хуманост – таа е живот” – стои во објавата на неговата мајка.
ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:
.
