|

Конечно државава ќе оди напред-“АПРИЛИ-ЛИЛИ”

Сподели го ова:
















Денеска е светски ден на шегата, 1 април, ден кој што години наназад се одбележува со векови, со она познато и неизбежно „априлили”. Како настанл овој празник??



Според некои извори некои кажуваат дека потекнува од Франција, кога во 14 век годината почнувала точно на 1 април-според грегоријанскиот календар. Како и да е, без разлика од која земја потекнува овој празник на шегата, битно е да се потенцира дека денешниот ден се одбележува во многу земји низ светот на различни начини.

Она што е занимливо е дека во Сан Диего постои и Музеј на шегата во кој што се објавени сите најубави шеги на англосаксонските медиуми. Овој ден во нашата земја освен преку смеа, лага и забава, се прославува и со маскенбал. Почитувајќи ја традицијата и голем дел од многу медиуми и компании, денеска се огласуваат на разни првоаприлски шеги. Врз основа на тоа, и ние во духот на лагата, на овој празник се пошегувавме со Вас-нашите верни и пред се ПОЧИТУВАНИ читатели дека добивме датум влез за ЕУ! А кога ќе го добиеме датумот, и дали некогаш ќе го добиеме, останува да видиме.



Сподели го ова:

Слични објави