Детски радости! Наскоро во Прилеп две нови игралишта! Едно во Типската населба, а другото во Центар – позади Участакот
Во насока на унапредување на квалитетот на живот и создавање современи услови за игра и развој на најмладите, Општина Прилеп потпиша два нови договори за изградба на две нови детски игралишта со Министерството за спорт, во рамки на Повикот за директна помош на општините од Владата на Република Македонија.
Вкупната вредност на овие два проекта изнесува околу 8 милиони денари.
