Министерката Јанеска: Апелирам до родителите, учениците да се редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат
Вчера, беше последниот ден од зимскот распуст, а веќе од денеска, започнува второто полугодие за учениците во нашата земја.
Апелирам до родителите, учениците да се редовни во училиштето, и што е можно поретко да изостануваат. Затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот, велат дека учениците, кои редовно ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати – истакна министерката Јаневска.
Таа во својот апел на родителите им порача да престанат со нивната пракса да ги оправдуваат часовите на своите деца, а исто така нагласи дека родителите не треба да им дозволуваат на своите деца одмори во текот на учебната година.
