Денеска во Прилеп ќе имаме доста постудено време

Сподели го ова:




Прилеп, и градовите околу Прилеп денес ќе се соочат со доста постудено време, а во однос на температурите, минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12, додека пак максималната температура ќе достигне 20 степени, додека во останатите краеви во земјава максималната температура ќе достигне и до 22 степени. Од утре под влијание на влажна воздушна маса ќе настапи период на претежно облачно време кое ќе биде значително посвежо, а исто така ќе има и врнежи од дожд каде во некои градови локално се очекува да наврнат и 30 л/м2 за 24 часа. Утре не е исклучена и појавата од засилен ветар. Веќе од четврток температурите во Прилеп и Прилепско ќе опаднат за 10 степени, што значи од сега потребна ќе биде топла облека, топло чајче и убава книга за читање и реаксација-препорака од информативниот тим од STANICA.MK





Сподели го ова:

Слични објави