ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП И ВОЕНИОТ ОРКЕСТАР НА АРМ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ПРОСЛАВАТА ПО ПОВОД 11-ТИ ОКТОМВРИ

Сподели го ова:




Денес прославата во Прилеп по повод 11-ти Октомври во 18: 40 часот ќе ја збогати воениот оркестар на Армијата на нашата земја. Воениот оркестар во состав на баталјонот за Почести е единствен професионален дувачки оркестар од ваков карактер во државата, чија мисија е учество на протоколарни активности и воени свечености во организација на Армијата и на највисоките државни институции.Првите почетоци на Воениот оркестар датираат од далечната 1944 година, кога во селото Голеш, Битолско е формиран првиот Воен оркестар во рамките на седмата македонска ударна бригада. Во следните 48 години опстојува во рамките на поранешната ЈНА во состав на третата армиска област во Скопје, а по осамостојувањето на државата прераснува во голем дувачки оркестар и претставителен сегмент на Армијата.Воениот оркестар на Армијата продолжува со негување на традициите и надградување на музичкото творештво. Низ континуирана цивилно воена соработка со локалните самоуправи реализирани се многубројни концерти во градовите низ Републиката, како и повеќе самостојни концерти.





Сподели го ова:

Слични објави