Денеска во Прилеп – бесплатен јавен градски превоз за сите граѓани
Општина Прилеп се приклучи кон ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ, водечката кампања за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност.
По тој повод, денеска (четврток, 18.09.2025), автобусите од градскиот превоз ќе возат бесплатно цел ден, а на патниците што ќе го користат јавниот превоз ќе им се делат флаери со претходно подготвена содржина на која ќе биде објаснето кои се предностите од користењето на јавен превоз во споредба со користењето на автомобили.
