Денеска се празнува св. Преподобен Герасим Нови – Чудотворец за време на животот и после смртта

Сподели го ова:






























Денеска се празнува св. Преподобен Герасим Нови. Роден е во 1509 година. Се подвизуваше на Атон, потоа во Палестина, каде што постеше четириесет дена. Потоа се насели на островот Кефалонија, каде што основа еден женски манастир. Со молитва низведуваше дожд, исцелуваше болни и проѕираше во иднината. Се упокои во Господ на 15 август 1579 година. Чудотворец за време на животот и после смртта.

Тропар
Да го пофалиме, верни, божествениот Герасим, новојавениот наш богоносен чудотворец, ангел во тело, на православните заштитник, кој достојно прими од Бога дар на исцеление, ги лечи раслабените, од демонот поробените. Затоа сите кои него го почитуваат наоѓаат исцеление.




Сподели го ова:

Слични објави