|

Денеска прилепчани во 18 часот ќе можат да ја проследат претставата “ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ”на НУ Театар „Комедија“ – Скопје

Сподели го ова:




Денеска прилепчани во 18 часот во НУЦК “Марко Цепенков” ќе можат да ја проследат претставата “ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ”на НУ Театар „Комедија“ – Скопје, претстава која е дел од МТФ “Војдан Чернодрински”. Станува збор за таква претстава која го коментира она високо француско општество, кое е целосно презаситено од сето она што може да си овозможи, па креира такви ситуации во кои ќе може да им се исмева на сите оние кои се послаби и понеуспешни. Темата која што е предмет на обработка на оваа претстава е смислата на среќата. Во претставата се раскажува за еден претставник на високото општество, кој што по серија случајни несреќи кои што му се случуваат, една вечер заглавува на една вечера со претставник на онаа група која што самиот тој планирал да ја исмева.





Сподели го ова:

Слични објави