Денеска на “Томина недела”, вриеше од народ во “прилепско Беровци”

Сподели го ова:





























Денеска е празникот посветен на св.Тома, или кај народот познат и како “Томина Недела”. Св. Тома бил еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери “Неверниот Тома”. По повод овој празник, денеска на “Томина недела”, вриеше од народ во “прилепско Беровци”, каде меѓу другите, заедно со верниот народ беше и прилепскиот пратеник Дејан Проданоски.

Денешниот прекрасен празник, Неделата на Светиот апостол Тома – Томина Недела, имав чест да го прославам во духовно издигнатата атмосфера на црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во живописното село Беровци. Заедно со секретарот на Општинскиот Комитет Робертино Илиоски, пратеникот Петар Ристески и координаторот за рурални комитети Зоран Јанкулоски, присуствувавме на светата литургија во овој храм кој сведочи за вековна вера и традиција. Од срце им го честитам овој голем празник на сите жители на Беровци! Ви посакувам многу здравје, мир, љубов и благосостојба во вашите домови. Посебна благодарност до гостопримливите домаќини за нивната несебична љубезност и топло гостопримство, како и за славскиот ручек. Нека преку молитвите на Светиот апостол Тома, верата и надежта секогаш го осветлуваат нашиот пат. Христос Воскресе! – истакна прилепскот пратеник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави