Денеска на Атанасовден, Проданоски во с.Големо Радобил
По повод денешниот празник св. Атанасиј Велики, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски беше во црквата „Св. Никола“ во с. Големо Радобил.
За многу години Атанасовден! Денеска во с. Големо Радобил, заедно со многубројните присутни сограѓани, присуствувавме на светата литургија во црквата „Св. Никола“, по повод празникот Св. Атанасиј. Нека празникот донесе здравје, мир и благослов во секој дом! – порача Проданоски.
