Денеска кај пожарите во Прилепско присуствуваа четворица американски и седуммина француски експерти

Сподели го ова:




Сеуште е активен пожарот во Прилепско, односно пожарот помеѓу селата Никодин, Ракле и Топлица. Кaко што информиравме денеска овој пожар се појавил на тешко пристапен терен. “Очекувањата се дека кон крајот единиците на Армијата, специјалните сили на МВР, лица од Националните шуми и противпожарните екипи целосно ќе го елиминираат овој пожар. На терен беа и четворица американски и седуммина француски експерти кои користат дронови за реално и термално извидување за откривање на потенцијални жаришта на пожар”– нагласи Портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова 





Сподели го ова:

Слични објави