|

Денеска голема раздвиженост на Прилепчани

Сподели го ова:


Денес бевме сведоци на големата раздвиженост на прилепчани која што раздвиженост беше најголема во прилепската чаршија и на градскиот плоштад. Како што се намалува бројот на заболените од Корона, така Прилепчани-желни за дружба и чаршиски муабети-се повеќе и повеќе, секојдневно излегуваат да се релаксираат на градскиот плоштад.

Повторно се враќа оној ведар и насмеан дух помеѓу прилепчани, кои што самите тие, за нашиот и Ваш најактуелен интернет портал “stanica.mk”,  не ја кријат нивната желба за прошетка и чаршиски муабети. “Времето е топло, а и ова со коронава помина-или се надеваме дека за брзо ќе помине. Недостасуваше овој чаршиски дух, разговорите и меѓусебната размена на информации помеѓу пријателите”-истакна еден наш соговорник. Додека пак друг помлад сограѓанин надополни дека: “Прилеп е жеден за дружба и добра забава, вистинско време е короната конечно да исчезне и да се вратиме на стариот живот, прилепската шема, забавата и навиките”

            Летните тераси на рестораните и кафичите, денес беа преполни, при што прилепчани чекаа да дојдат на ред што побрзо да “фатат” некоја маса за своето друштво, да си помуабетат, како и да разменат мисли и сопствени ставови, пиејќи го своето саботно кафе….





Сподели го ова:

Слични објави