Денеска е Духовден – Слегување на Светиот Дух

Сподели го ова:


Денеска е Педесетница – Духовден, денот на слегувањето на Светиот дух и роденден на црквата. Духовден го означува самото слегување на Светиот Дух врз апостолите. На 50-тиот ден од Неговото воскресение, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, врз основа на што самите тие се исполнија со сила со помош на која добија божји дар да зборуваат на разни јазици.За црквата ваквиот настан има огромно значење, бидејќи од тогаш, па се до денес, Светиот Дух не ја напушта христијанската православна црква и непрестано слегува врз црквата за време на молитвите, литургијата… Педесетница, односно Духовден е еден од најсветлитe празници во христијанството и означува исполнување на старозаветните пророштва.





Сподели го ова:

Слични објави