Денес ЗОО – Битола им посака добредојде на нивните најнови жители – прекрасни малечки срнчиња
Денес ЗОО – Битола им посака добредојде на нивните најнови жители – прекрасни малечки срнчиња.
Големиот татко елен, препознатлив по своите впечатливи рогови гордо ги покажува своите малечки на нашите вработени и посетители.
Грижливата мајка кошута, нежно и внимателно го следи секој чекор на своите младенчиња.
А бебенцата срни, уште сега знаат само за игра и радост на се што ги опкружува и со љубопитност го истражуваат светот околу себе.
Заедно тие ни покажуваат колку се важни семејната поврзаност, заштитата и грижата во животинскиот свет.
Дојдете во ЗОО Битола и откријте ја нивната нова приказна исполнета со нежност и хармонија.
