Денес во 12 часот во Општина Прилеп ќе се одржи конститутивна седница на Советот на општината

Сподели го ова:




Денес во 12 часот во Општина Прилеп ќе се одржи конститутивната седница на Советот на општината. Советот на Општина Прилеп ќе брои 27 советници и тоа 15 членови од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, 10 членови од редовите на СДСМ и Коалицијата и 2 советници од партијата Левица. Овој седми состав на Советот  на општина Прилеп е најмладиот состав досега. Денешната конститутивна седницата ќе биде отворена за јавноста со почитување на протоколите за заштита од КОВИД 19. Имено, вчера од страна на Општинската изборна комисија им беа доделени уверенија на новоизбраниот градоначалник Јовчески, како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп.По превземањето на функцијата новоименуваниот градоначалник Јовчески вчера се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Општина Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави