ВИДЕО: Денес, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, претседателот на Општинскиот комитет Дејан Проданоски и пратениците Ане Лашкоска и Петар Ристески посетија дел од тековните градежни активности во општина Прилеп
Денес, прилепскиот градоначалник Борче Јовлески, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-динот Александар Николоски, претседателот на Општинскиот комитет Дејан Проданоски и пратениците Ане Лашкоска и Петар Ристески посетија дел од тековните градежни активности во општина Прилеп. Се работи за увид на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“ каде во понеделник треба да се започне со реконструкција. Кракот што ќе се реконструира е во должина од 216 метри, има просечна ширина од 13,5 метри или вкупна површина некаде околу 3000 метри квадратни.
Исто така, градежни активности се во тек на улицата „Киро Пајмакоски“, паралелно се работи и на асфалтирање на улицата „Браќа Ламески“ како и крак на улицата „Јоска Јорданоски“.
Вкупната должина на овие улици кои ќе бидат асфалтирани изнесува 400 метри, а нивната површина е околу 2000 метри квадратни.
Исто така деновиве ќе се започни со асфалтирање и во населбата Тризла. Се работи за улицата „Дабнички Завој“ со вкупна должина од 300 метри.
За овие градежни активности Општина Прилеп има обезбедено средства во висина од 7.000.000 денари.
Локалната самоуправа e веќе во завршна фаза на потпишување на договор за одржување и рехабилитација на улиците за во наредниве неколку месеци, што подразбира гребење и нанесување нов слој на асфалт, а тој договор опфаќа вкупна површина на улици од околу 12.000 метри квадратни со вредност од 15.000.000 денари.
“Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на потпретседателот Александар Николоски за денешната посета, а исто така и на претседателот Христијан Мицкоски за нивната константна поддршка во реализацијата на вакви проекти и се она што е предвидено и што заеднички ќе го реализираме во наредниов период, со што директно ќе придонесеме за враќање на сјајот на Општина Прилеп како и за зголемување на економскиот развој”-истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
