Дејан Георгиевски е првиот Македонец со освоен сребрен медал од Олимписки игри
Младиот Дејан Георгиевски, нашиот македонец преку својот спортски поттик испиша една нова страница во македонскиот спорт со освоен сребрен медал на овогодинешните Олимписки игри. Дејан е вицешампион во таекводно во категоријата над 80 килограми. На Олимписките игри Дејан имаше три победи и еден пораз кој што беше претрпен од Русинот Владислав Ларин во големото финале. Секоја чест за нашиот македонец Дејан кој што стигна до историскиото сребро на овогодинешните 32-ри летни Олимписки игри во Токио. Колку за потсетување, за нашата земја ова е втор олимписки медал, додека пак првиот беше оној на Ибрагимов во 2000 година во Сиднеј.

