ДАЛИ ЗАКОНОТ КОНЕЧНО ЌЕ ВАЖИ ЗА СИТЕ?? Судијата Георгиев ставен во притвор
Судијата Наќе Георгиев e ставен во притвор. Георгиев, вчера беше уапсен за примање примање награда за против законито влијание, а врз основа на информациите од полицијата, тој бил лишен од слобода додека го вршел кривичното дело.
Судскиот совет, го одзема имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка. Го одобри барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и времено го оддалечи од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка – се наведува во соопштението.
