Дали денеска некој од прилепските студенти ќе се најде во наградените најдобри дипломирани студенти на УКИМ??

Сподели го ова:




Денеска 12.10.2021 година ќе бидат доделени пофалници и пригодни награди на најдобрите дипломирани студенти на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, за две учебни години, односно за учебните 2018/2019 и 2019/2020 година, а процесот на доделување ќе биде на отворено пред платото на Ректоратот на УКИМ. Имено, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Северна Македонија, формиран во 1949 година со три факултети. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи – придружни членки, 1 придружна членка – друга високообразовна установа и 7 придружни членки – други организации. Неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со Статутот на Универзитетот. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје постојат студиски програми во сите научни области – природно-математичките, техничко-технолошките, медицинските науки и здравствoто, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите. Истражувачката работа, освен на факултетите, се одвива и на научните институти во состав на Универзитетот.  Сликата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, конкретно, може да се претстави низ следниве бројки: во наставно-образовниот процес на сите факултети се вклучени повеќе од 28.400 студенти во прв и 1100 студенти во втор циклус на студии. Третиот циклус – докторски студии се реализира во рамките на Школата за докторски студии на УКИМ, со вкупно 1071 студенти. Во реализацијата на наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите учествуваат над 3.100 наставно-научни и соработнички, како и административни кадри.Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени околу 134.600 високостручни кадри, над 13.800 магистри и специјалисти и околу 4.000 доктори на науки во сите наставно-научни области.Во вкупната дејност на Универзитетот посебен белег имаат спортските, уметничките, информативните, рекреативните и други активности, организирани во разни друштва, сојузи, клубови и слично.





Сподели го ова:

Слични објави