Дали денес конечно ќе има разладување??

Сподели го ова:


Дали денес конечно ќе има разладување, и намалување на темепратурите? Времето денес претпладне ќе биде сончево и проследено со мала до умерена облачост, а веднаш после пладне во поголем дел во градовите во нашата земја се очекува пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, додека пак максималната температура ќе биде од 29 до 37 степени.

И утре во попладневните часови ќе имаме нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, при што наместа процесите ќе бидат поинтензивни, а што се однесува пак до утрешната температура таа ќе биде пониска за неколку степени. Првиот ден од наредната недела ќе биде проследен со услови за изолирана појава на нестабилност, а веднаш од вторник следува период на стабилно време.





Сподели го ова:

Слични објави