д-р Билјана Кржеска е Носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Прилеп

Сподели го ова:





























Одлуката е донесена. Имено, д-р Билјана Кржеска е Носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Прилеп.

Со искрена благодарност ја прифаќам дадената доверба да бидам Носител на победничката советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Прилеп. Оваа чест е и голема одговорност – пред вас, граѓаните на Прилеп, пред иднината на нашите деца и пред нашата заедничка надеж за подобар град.Ветувам посветена работа, чесност и упорност – за Прилеп да чекори напред, за секој еден човек да има повеќе можности, достоинство и подобар живот. Прилеп има сила и мудрост – заедно ќе го покажеме тоа! – порача д-р Кржеска, Носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави