Црквата ,,Рожденството на Пресвета Богородица” во с.Штавица ќе ја одбележи манастирската слава

Сподели го ова:






























По повод големиот Христијански празник ,,Рожденството на Пресвета Богородица”-Мала Богородица, на ден 21-ви септември во с. Штавица -прилепско, ќе има литургија и општо народен собир во црквата ,,Рожденството на Пресвета Богородица”.

Утринската литургија ќе биде од 7:30ч после литургијата ќе се дели свечен ручек во трпезаријата, а за доброто расположение ова година ќе се погрижи незаменливиот Јордан Митев со неговиот бенд. По тој повод од име на овогодишните домаќини и црковниот одбор ве покануваме сите добронамерни луѓе, роднини, пријатели и познаници да го прославиме овај убав празник што повесело со убави и весели Македонски песни и ора!!!” – информираат од црквата ,,Рожденството на Пресвета Богородица” – с.Штавица.




Сподели го ова:

Слични објави