Чонески: Власите се важен дел од духот, историјата и културата на Крушево
Денеска е Националниот ден на Власите. Нека овој ден биде потсетник за богатото културно наследство, традицијата и придонесот на влашката заедница во развојот на нашето општество
“Горд сум што Крушево е град во кој со години заедно живееме, се почитуваме и ја чуваме традицијата на сите заедници.
Власите се важен дел од духот, историјата и културата на нашиот град и со својот придонес оставаат силен белег во развојот на Крушево.
На сите мои сограѓани припадници на влашката заедница им го честитам празникот и им посакувам добро здравје, среќа, мир и просперитет.
Нека е честит 23 Мај – Денот на Власите!” – порача крушевскиот градоначалник Нико Чонески.
