Чонески: Ве поканувам заеднички да го одбележиме 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија и Денот на ослободувањето на Крушево
Крушево е целосно подготвено за одбележување на 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија и Денот на ослободувањето на Крушево. По тој повод, градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески истакна:
“Ве поканувам заеднички да го одбележиме 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија и Денот на ослободувањето на Крушево.
Да им оддадеме почит на сите кои оставиле трага во нашата историја и придонеле за слободата и независноста” – истакна Чонески.
7 Септември 2026 година
Горна училишна зграда Крушево
