Чонески: Се преземаат сите неопходни мерки за нормализирање на состојбата и безбедноста на граѓаните во Врбоец и Норово
Како резултат на обилните дождови во Крушево и крушевско, а посебно во селата Норово и Врбоец, екипите на JП Комуна – Крушево се постојано на терен и работат на санација на поплавените делови во овие две крушевски села.
Се преземаат сите неопходни мерки за нормализирање на состојбата и безбедноста на граѓаните. Ги повикуваме граѓаните навремено да нè информираат за секој проблем, со цел брза и ефикасна интервенција – порачуваат надлежните од Општина Крушево.
