Чонески на Спасовден помеѓу своите сограѓани во манастирот св. Спас во крушевско
Денеска заедно со бројни верници и жители, крушевскиот градоначалник Нико Чонески го посети манастирот „Св. Спас“ во Крушево, каде достоинствено и со духовна радост се одбележа големиот христијански празник Спасовден.
За многу години Вознесение Христово – Спасовден! Овој празник не потсетува на важноста на верата, меѓусебната почит, и љубовта како темели врз кои се гради силно и сплотено општество. Во овие моменти на молитва и духовен мир, уште еднаш ја чувствуваме силната поврзаност со нашата традиција, вера и македонски идентитет. Ваквите собири се потврда дека духовните вредности и понатаму живеат меѓу народот и се пренесуваат на идните генерации. Нека празникот донесе здравје, мир, благосостојба и благослов во секое семејство. Христос се вознесе! – истакна Чонески.
