Чонески на панихидата во чест и вечен спомен на загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“ во Крушево
Денес во црквата „Св. Никола“ во Крушево, градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, заедно со неговата сопруга присуствуваа на панихидата во чест и вечен спомен на загинатите Илинденци, кои со својата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината ги вградија своите животи во темелите на македонската слобода.
Нека споменот на Илинденците нè потсетува дека и во најтемните времиња постои светлина, ако има луѓе доволно храбри да ја запалат – порача Чонески.
