Чонески ја проследи свечената приредба по повод патрониот празник на крушевската градинка „Гонча Туфа“
Денеска крушевскиот градоначалник Нико Чонески присуствуваше на патрониот празник на градинката „Гонча Туфа“, настан исполнет со радост, детски насмевки и позитивна енергија.
“Особено ми беше драго што заедно со најмладите, нивните воспитувачи и родители го одбележавме овој значаен ден, кој ја истакнува важноста на грижата и вложувањето во раниот детски развој.
Честитки до целиот тим на градинката за нивната посветеност, како и до дечињата кои со својата искреност и насмевки го разубавија настанот.
Како општина, ќе продолжиме да даваме поддршка за подобри услови и среќно детство за сите деца” – истакна Чонески.
