Четирите социјално-загрозени семејства во Варош останаа без кров на главата

Сподели го ова:




Четирите социјално-загрозени семејства кои со години живеат во т.н. “бугарски” бараки во прилепската населба Варош,  во претпладневните часови останаа без кров на главата. Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски заедно со претседателот на урбаната заедница Дарко Филипоски ги посетија семејствата и најави помош. „Бев извесетн од претседателот на урбаната заедница Варош дека во бараките во населбата Варош има пожар. Се упативме одма на лице место а во меѓувреме Територијалната противпожарна единица веќе ја имаше завршено работата до крај. За среќа по брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица, во  овие четири  бараки беа спасени животите на граѓаните кои живеат во нив. Да кажам дека станува збор за единаесет членови од четирите бараки од кои двајца инвалиди и три малолетни деца од кои едното дете е седум месеци, другото две и пол години а третото има дванаесет години. За среќа  повредени нема, во овој момент сакаме да им излеземе во пресрет на семејствата и привремено да ги сместиме во некоја институција во нашиот град, на што и работиме и мислам дека тоа е првично нешто што можеме да направиме. Понатаму ќе следи и секаква друга помош од Општината, финансиска и секоја друга логистика која им треба на семејствата“, истакна градоначалникот Јованоски.Речиси два часа над 10 пожарникари со неколку возила го гаснеа пожарот кој бил пријавен околу 10:30 часот. Социјалните бараки се над 20 години, ова не е прв пожар.Претседателот на урбаната заедница „Варош“, Дарко Филипоски истакна дека во соработка со Локалната Самоуправа  колку што можат помагаат со цел да се среди овој дел од населбата.





Сподели го ова:

Слични објави