Честитки! РК “Прилеп” го освои високото трето место на турнирот во Струга
Прилепскиот ракометен клуб “Прилеп” од Прилеп, го освои високото трето место на турнирот во Струга. Прилепската ракометна екипа играше против домаќинот на турнирот, каде прилeпчани издвоија победа со 28:30.
“Играч на мечот” беше голманот Трајковски, кој благодарение на неговата вештина на домаќините им одбрани вкупно 13 одбрани, а од прилепските ракометари најдобар беше Шипинкоски кој даде вкупно шест гола за прилепскиот победнички тим.
Честитки!
