Цела улица мирисаше на чад! Синоќа гореше возило во Битола
Синоќа гореше возило на улица „Солунска“ во Битола. Веста ја потврдија и од ТППЕ-Битола од каде што истакнуваат дека во противпожаната единица во Битола синоќа во 01:15h е примена дојава за запалено возило на ул.„Солунска“.
Веднаш по пријавата, ТППЕ-Битола на лице место интервенирала со едно возило и пет пожарникари, при што го изгаснале запаленото возило. А што останало од автомобилот, погледнете во прилог:
фото: ТППЕ-Битола
