Цел Прилеп синоќа уживаше во македонските песни од проектот “Македонијо во срце те носиме”
Проектот “Македонијо во срце те носиме 2 ” во сопствената мапа на концерти, го стави и градот под Марковите Кули. Имено, вчера вечерта на 24-ти септември во центарот на Прилеп со почеток во 20 часот, настапија голем број на македонски изведувачи од светот на забавната и народната музика, при што истите отпеаа повеќе македонски патриотски песни кои се изработени со нови современи аражмани.
Помеѓу учесниците беа се: Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов..
Целта на овој музички проект е да се зачува музичкиот аманет, кој што ни е оставен од генерациите кои биле пред нас.